Лидерите на земјите од „големата седумка“ се договорија брзо да дејствуваат околу воведувањето нови санкции против Русија, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на соопштение од Г-7.
Како што се наведува во соопштението, земјите од Г-7 (САД, Германија, Јапонија, Велика Британија, Франција, Италија и Канада) се подготвени да воведат нови санкции против Русија, „земајќи ја предвид неопходноста за обезбедување на мирни избори во Украина следниот месец“.
САД и ЕУ во понеделник ќе објават воведување нови санкции за руски граѓани и организации.
Се очекува сега на списокот да се најдат 15 лица кои се вмешани во ситуацијата во Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.