Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека е неопходно да се забрза темпото на производство на системи за противвоздушна одбрана, врз основа на кои се создаваат заедничките одбранбени системи на Русија, Белорусија и Казахстан, јавуваат руските медиуми.
„Треба да се зголеми производството на капацитети за најбараните ПВО системи и да се развива производството на авијациски средства и високопрецизно оружје кое се применува во ПВО“, изјави Путин за време на седницата на комисијата за воено-техничка соработка на Русија со другите земји.
Тој истакна дека денес руските системи С-300, С-400 и „Панцир-С1“ се лидери на светскиот пазар за вооружување поради нивната едноставност, квалитет и технички и борбени карактеристики.
Според неговите зборови, Русија остварува третина од светските испораки на средства за противвоздушна одбрана, а во 2013 година нивниот удел во извозот пораснал од 13% на 20%.
Претседателот на Русија, Владимир Путин е задоволен од позицијата на Русија на светскиот пазар за вооружување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче