Рогозин го предупредува Киев да не користи во своите нуклеарни централи гориво од САД

Потпретседателот на владата на Русија, Дмитриј Рогозин, смета дека плановите на Украина во своите нуклеарни централи да премине на гориво увезено од САД се опасни, пренесува „Интерфакс“.

Потпретседателот на владата на Русија, Дмитриј Рогозин, смета дека плановите на Украина во своите нуклеарни централи да премине на гориво увезено од САД се опасни, пренесува „Интерфакс“.

„Ако Киев одлучи во своите нуклеарни централи да започне со користење американско нуклеарно гориво, тоа значи дека не ја извлекол поуката од Чернобил“, напиша Рогозин на својот Твитер профил.

Претходно украинската Национална нуклеарна компанија за производство на енергија „Енергоатом“ најави дека има планови во трите нуклеарни блокови во Украина, наместо руски горивни елементи, да започне да користи нуклеарно гориво од американско производство. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња