Министерството за одбрана на Украина: Ниту војници, ниту авиони од РФ не ја преминале границата

В.д. министерот за одбрана на Украина, Михаил Коваљ, изјави дека во текот на руските воени вежби немало нарушување на границата од страна на копнените и воздушните сили.

В.д. министерот за одбрана на Украина, Михаил Коваљ, изјави дека во текот на руските воени вежби немало нарушување на границата од страна на копнените и воздушните сили.

„Напладне четири транспортни авиони ИЛ-76 летаа покрај границата на нашите две држави, но граничната линија не беше премината“, изјави за новинарите министерот во Киев.

Според неговите зборови, на 24-25 април била забележана најголема активност на руските вооружени сили на украинската граница.

Коваљ изрази мислење дека овие вежби имале за цел раководството на Украина да ја повлече идејата за спроведување на антитерористичка операција во три региони на земјата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња