Забраната за увоз на рускиот гас во ЕУ ќе предизвика значителни проблеми во економијата и индустријата на Европа, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на агенцијата за рејтинг Fitch.
Во својата прогноза, агенцијата појаснува дека доколку дојде до тоа решение, регионот ќе страда од дефицит на гас и високи цени за енергенсот. Од своја страна, зголемувањето на цените на гасот ќе предизвика верижна реакција од која ќе следи зголемување на цените за електричната енергија, јагленот и нафтата.
Долгата забрана за увоз на руски гас е малку веројатно дека ќе се случи. Русија испорачува во Европа само 27% од целиот гас кој го користи континентот. Поверојатно е да се случи краткотраен прекин на испораките на гас преку Украина. Доколку се случи такво сценарио, Европа е подготвена далеку подобро за тоа, земајќи ги предвид големите резерви на ЕУ и неодамнешното отворање на новиот гасовод од Русија кон Германија.
Во 2013 година Русија испорачала 145 милијарди кубни метри гас во Европа, кој е крајно тешко да се замени по пат на алтернативни извори.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче