Во Русија ќе се појави нова ракета-носач од супертешка класа. Создавањето на оваа ракета е веќе вклучено во Федералната вселенска програма, изјави шефот на Роскосмос, Олег Степаненко.
„Тешката ракета-носач е вклучена во новата федерална вселенска програма. Работата околу неа започна, а во првата етапа е предвидено создавање на ракета која може да понесе со себе 70 до 80 тони, што ќе даде можност да ги опфатиме сите барања кои ќе се појават во следните 20-30 години“, изјави тој.
Според зборовите на Остапенко, при создавањето на новата ракета се планира да се искористи моделот на советската супертешка ракета „Енергија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.