Делегација од Русија нема да учествува во работата на јунската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, изјави шефот на комитетот во Думата за меѓународни работи, Алексеј Пушков.
Тој прецизираше дека руските претставници нема да соработуваат со ПССЕ додека не им се вратат сите одземени овластувања. Според оценката на Пушков, на Русија ѝ се одземени 70% од можностите во организацијата.
Парламентарното собрание на Советот на Европа на 10 април ѝ го одзеде правото на глас на Русија за гласање до крајот на годината и се заложи за проширување на санкциите против Русија. Во знак на протест, руската делегација го напушти заседавањето.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче