Раководителот на администрацијата на претседателот на Русија, Сергеј Иванов, изјави за создавање на земна мрежа за Глобалниот навигациски сателитски систем (ГЛОНАСС) со околу 50 мерни станици, разместени насекаде низ светот, пренесува „Интерфакс“.
„Ќе ја зголемиме конкуренцијата во руските навигациски услуги. За да го направиме тоа, во иднина ќе мора да отвориме 50 станици за собирање податоци на териториите на 36 држави“, изјави Иванов.
Иванов забележа дека таа работа ќе помогне за да се промовираат технологиите на ГЛОНАС и на глобалните пазари.
Во моментов вакви станици има само на Антарктикот и во Бразил.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче