Путин: поради санкциите Visa и MasterCard ризикуваат да го изгубат рускиот пазар

Според неговите зборови, компаниите се мета на силен притисок. „Од економска гледна точка, за нив тоа е голема грешка“, изјави претседателот.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Visa и MasterCard, кои заземаат 90% од рускиот пазар, ризикуваат да го изгубат пазарот поради недоверба. Според зборовите на Владимир Путин, компаниите веќе покажаа колку се подложни на политичко влијание од западните држави, пренесува „Газета.ру“.

Според неговите зборови, компаниите се мета на силен притисок. „Од економска гледна точка, за нив тоа е голема грешка“, изјави претседателот.

Путин исто така забележа дека во Русија ќе биде создаден домашен платежен систем. Такво искуство веќе имаат Јапонија и Кина.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња