Централната банка на Русија прогнозира намален раст на руската економија годинава, како и намалување на инвестициите. Притоа, ЦБ забележува дека влијанието на ослабената рубља врз БДП ќе биде ограничено. Ова се кажува во соопштението на ЦБ.
Според податоците на ЦБ, намалениот раст на БДП на Русија нема силно да влијае врз инфлацијата. „Историски ниското ниво на невработеност го ограничува потенцијалот за економски раст“, се кажува во соопштението за печатот од ЦБ.
ЦБ соопштува дека негативното влијание врз динамиката на производство и инвестиции е предизвикано од надворешнополитичката ситуација. Економскиот раст на земјата е намален поради ниската активност на трговските партнери. Притоа, високите цени на нафтата во голема мера ги неутрализираат негативните ефекти од падот на трговијата во другите сектори.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче