За изградба на носач на авиони на Русија ѝ се потребни 10 години и 6 милијарди евра

Идниот руски носач на авиони би чинел од 100 до 300 милијарди рубљи (од 2 до 6 милијарди евра), а на неговата изградба би биле потрошени околу 10 години, изјави во интервју за ИТАР-ТАСС генералниот директор на Невското проектантско-конструкторско биро, Сергеј Власов.

„Во моментов не постои план за изградба на руски носач на авиони. Вредноста на таквите бродови варира од 100 до 300 милијарди рубљи. Од почетокот на изградбата до дизајнот на знамето се потребни околу 10 години. Носачите на авиони се вклучени во програмата за бродоградба до 2050 година. Ако добиеме нарачка, ние уште утре можеме да започнеме со изградба“, изјави Власов.

Според неговите зборови, во проектот на новиот брод може да се вклучи „сѐ што се сака“. Но носачот на авиони има конкретни задачи кои мораат да се исполнат, а сѐ останато само му ја зголемува тежината. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња