Претставници во Пентагон го замолија конгресот во САД да не презема засега санкции кон рускиот Рособоронекспорт, бидејќи оваа компанија извезува хеликоптери за авганистанската армија, пишува весникот Christian Science Monitor, повикувајќи се на конгресмен во САД.
„Пентагон во дијалогот со нас го користи зборот 'флексибилност', т.е., тие сакаат да направиме исклучок за Рособоронекспорт“, забележа тој.
Меѓутоа, во конгресот истапуваат против купувањето на руски хеликоптери и предлагаат да се испорачаат во Авганистан хеликоптери од американско производство. Во Министерството за одбрана, во меѓувреме, настојуваат да се користи руската техника, бидејќи, како што се пренесува, руските хеликоптери се едноставни за користење, докажани се и им се познати на локалните пилоти.
Во случај да се раскине договорот за испорака на руските хеликоптери, САД ќе треба да плати штета од околу 100 милиони долари, заклучува весникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче