Лада „Веста“ веќе од наредната година ќе се најде во продажба, изјави директорот на компанијата „Автоваз“, Бо Андерсон, пренесуваат руските медиуми.
„Во септември следната година ќе ја пуштиме во продажба Лада 'Веста'. Тоа ќе биде одлично возило за сите руски услови. Новиот автомобил има современ дизајн, удобен е и е безбеден. Цената ќе изнесува некаде околу 400.000 рубљи“, изјави тој.
Лада „Веста“ на пазарот треба да ја за мени Лада „Приора“, која во овој момент е основен модел на „Автоваз“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче