Директорот на канадската рударска компанија "Silver Bear Resources", Марк Тревизиол, изјави дека канадскиот бизнис е заинтересиран да инвестира во Русија и смета дека санкциите на Канада кон Русија не треба да имаат влијание врз претприемништвото, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Нашата компанија одржува блиски односи со Јакутија и со претседателот на овој регион, Егор Борисов. Во моментов спроведуваме геолошки испитувања на наоѓалишта на сребро и планираме во следните години да започнеме со експлоатација на оваа локација“, изјави Требизол.
„Сметаме дека политичките прашања не треба да влијаат на деловните односи меѓу двете земји“, истакна канадскиот претприемач.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче