ЕК: ЕУ може да ги забрани финансиските операции со компаниите и банките од Крим

Европската унија може да ги забрани финансиските операции со компаниите и банките кои се регистрирани и работат на Крим, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на документ од Европската комисија.

Европската унија може да ги забрани финансиските операции со компаниите и банките кои се регистрирани и работат на Крим, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на документ од Европската комисија.

Се разгледувало прашањето за „ограничување на движењето на капиталот“ меѓу европските компании, банки и кримските финансиски институти. Забраната се однесува на инвестициите на европските компании во „кримските објекти“. Исто така, се разгледувало прашањето за воведување санкции против компаниите кои се регистрирани на Крим и кои работат на полуостровот.

Во документот, исто така, се забележува дека овие прашање се разгледуваат одделно од дебатите во ЕУ за воведување нови санкции против Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња