Чешка и Словачка се скептични за новите санкции против Русија

Премиерот на Чешка, Богуслав Соботка, после средбата со словачкиот колега, Роберт Фицо, изјави дека двете држави се скептични за проширувањето на списокот санкции против Русија, пренесува Ројтерс.

Премиерот на Чешка, Богуслав Соботка, после средбата со словачкиот колега, Роберт Фицо, изјави дека двете држави се скептични за проширувањето на списокот санкции против Русија, пренесува Ројтерс.

„Чешката влада скептично се однесува за проширувањето на санкциите, бидејќи тоа ќе пречи на економскиот раст во Европа“, изјави Соботка, додавајќи дека владата на Словачка има слична гледна точка.

 Меѓутоа, двете држави ги поддржуваат барањата Русија да ги повлече своите трупи од границата со Украина и да не се меша во претседателските избори, закажани за 25 мај. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња