Русија и понатаму ќе им помага на другите држави, тргнувајќи од тековната ситуација, изјави вчера премиерот на Руската Федерација, Дмитриј Медведев.
Претседателот на владата се сложи со оценката на еден од пратениците дека Русија, меѓу другото, ѝ пружи на Украина помош во вредност од 250 милијарди долари.
„Тоа е поддршка која ѝ ја дадовме на земјата после распадот на СССР преку најразлични видови договори и трговија“, изјави Медведев. Тој посебно истакна дека Русија отсекогаш била подготвена да им помогне на соседите кои ѝ се блиски и имаат пријателски односи со земјата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче