Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, во своето годишно обраќање на белорускиот народ и парламент, изјави дека го смета за големо постигнување фактот дека рускиот јазик има официјален статус во неговата земја.
„Рускиот јазик е своина, пред сѐ, на 3 народа - Украинците, Белорусите, Русите и другите народи со кои живеевме во иста земја. Ако го изгубиме рускиот јазик, ќе го изгубиме и сеќавањето“, изјави претседателот.
Лукашенко, исто така, изјави дека е неопходно да се зачува меѓунационалниот и меѓуверскиот мир.
Рускиот јазик во Белорусија доби статус на официјален јазик во 1995 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.