Медведев: Одбранбената способност на Русија нема да ослаби поради дејноста на Западот

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев е сигурен дека одбраната и безбедноста на Русија нема да ослаби поради непријателското делување на Западот. Говорејќи вчера пред Државната дума на Руската Федерација, тој изјави дека одбранбениот сектор секогаш бил национална гордост.

Според неговите зборови, Русија не зависи од увозот на многу видови воени производи, и со сигурност го зазема второто место според општиот обем на извоз на вооружување, веднаш после САД.

Медведев, исто така, истакна дека земјата има намера да ги зајакне своите позиции на светскиот пазар на оружје. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња