Постојаниот претставник на Русија во ООН, Виталиј Чуркин, изјави дека на САД им годи брза промена на режимот во Украина, пренесува „Интерфакс“.
Претходно помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд, призна дека Вашингтон потрошил од 1991 досега 5 милијарди долари за да се појави „силна и демократска влада“ во Украина.
„Ми се чини дека имено Американците се обидуваат да спроведат најрадикално сценарио. Нив не ги задоволуваше компромисот меѓу Виктор Јанукович и опозицијата, и тие, како што ми се чини, заклучиле дека дошло време тие 5 милијарди долар да се вратат преку брза промена на режимот, што и се случи“, изјави Чуркин за телевизискиот канал „Русија 24“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче