Повеќето Руси се согласуваат дека телото на Владимир Ленин треба да биде погребано. Ова го покажуваат резултатите од анкетата објавени на интернет-страницата на фондот „Општествено мислење“.
„Против погребувањето на неговото тело се изјасниле 23% од анкетираните“, се кажува во соопштението.
Исто така, се забележува дека досега секој трет жител на Русија успеал да го погледне телото на Ленин во мавзолејот.
Освен тоа, повеќе од половината анкетирани сметаат дека Ленин бил добар човек, но притоа, 42% сметаат дека тој ѝ донел на Русија „повеќе полза“, 29% сметаат дека имало „и полза и штета“, а 12% се уверени дека неговата дејност ѝ донела на земјата „само штета“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче