Властите на Украина платиле 80 илјади долари за апсење на проруски активисти

Властите на Днепропетровската област во Украина, кои започнаа со кампања за фаќање на проруските активисти, исплатиле по 10.000 долари за приведување на осуммина, пренесува РИА „Новости“.

Властите на Днепропетровската област во Украина, кои започнаа со кампања за фаќање на проруските активисти, исплатиле по 10.000 долари за приведување на осуммина, пренесува РИА „Новости“.

Раководството на регионот претходно изјави дека за секој приведен проруски активист платиле по 10.000 долари, додека за ослободување на зградата на управата која ја зазеле ќе издвојат 200.000 долари. Освен тоа, властите се подготвени да платат до 2.000 долари за едно предадено парче оружје.

Претставник на штабот за национална одбрана на Днепропетровската област изјави дека на властите досега им се предадени 11 лица, приведени во Донецката, Луганската и Харковската област. Според неговите зборови, сите се граѓани на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња