Украина драматично го зголеми увозот на гас од Русија

Украина кон крајот на минатата недела драматично го зголеми обемот на преземен гас од Русија.

Украина кон крајот на минатата недела драматично го зголеми обемот на преземен гас од Русија. Во текот на првата декада од април, „Нефтогас“ константно ја намалувал количината на преземен гас (од 84 милини кубни метри на 1 април, до 33 милиони на 10 април). Од 17 април започнал раст на преземањето, а на 19 април испораките достигнале 114,9 милиони кубни метри.

Поради нерешениот проблем со плаќањето на испорачаниот гас, „Гаспром“ го укина попустот кој важеше за првото тромесечје, па цената на гасот од 1 април порасна од 268 на 385 долари за илјада кубни метри гас. Од 2 април Русија, откако ги поништи „харковските договори“, ја врати извозната цена за Украина до 485 долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња