Тестирањето на „Булава“ повторно ќе започне во летово

Министерството за одбрана на Русија има намера летово повторно да започне со тестирање на балистичката ракета „Булава“ на подморниците, јавува ИТАР-ТАСС.

Министерството за одбрана на Русија има намера летово повторно да започне со тестирање на балистичката ракета „Булава“ на подморниците, јавува ИТАР-ТАСС.

Во пробното лансирање на ракетата ќе учествуваат две стратешки нуклеарни подморници од проектот 955 „Бореј“. Според плановите на воениот врв, тестирањето на ракетата ќе започне веднаш штом се расчисти мразот од Белото море.

Во тестирањето ќе учествуваат подморниците „Владимир Мономах“ и „Александар Невски“. Планирано е ракетите да се лансираат од Белото море, каде обично се вршат таквите воени вежби, а целта ќе се наоѓа на полигонот Кура на Камчатка.

Последен пат „Булава“ е тестирана во септември 2013 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.