САД се откажуваат од учество на конференцијата за безбедност во Москва

САД се откажаа од учество во годишната конференција во Москва, посветена на меѓународната безбедност. Ова го пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на Анатолиј Антонов, заменик министер во Министерството за одбрана.

„Ние ги поканивме сите. Но нема сите да дојдат. Американците веќе се откажаа. Тоа е нивен избор. Ние никакви 'црни списоци' не правиме, ниту една покана не сме ја отповикале“, изјави Антонов.

Според зборовите на заменикот министер, конференцијата за безбедност ќе се одржи од 23 до 24 мај 2014 година. Учесниците во конференцијата ќе разговараат за „обоените револуции“ во постсоветското пространство, вклучувајќи ја и Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.