Руски инспектори во посета на ракетен полигон во САД

Руски експерти за нуклеарна безбедност го посетија ракетниот полигон на вооружените сили во Малмстрем (Монатана, САД), пренесува „Гласот на Русија“.

Руски експерти за нуклеарна безбедност го посетија ракетниот полигон на вооружените сили во Малмстрем (Монатана, САД), пренесува „Гласот на Русија“.

Група инспектори на полигонот поминала 12 часа. Тие сакале да се уверат дека вратите на силосите за лансирање на 18 системи за нуклеарни ракети се демонтирани, а самите силоси затрупани со земја, соодветно договорот меѓу САД и Русија од 2011 година за мерките за намалување и ограничување на стратешкото оружје (СНВ-III).

Повикувајќи се на извор во воената авијација на САД, новинарите пренесуваат дека инспекторите дале потврда за исполнувањето на сите барања од договорот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња