Медиуми: САД ѝ подготвуваат на Русија нова верзија на „студената војна“

Белата куќа има намера кон Русија во иднина да спроведе изолациска политика, т.е. да ја отсече од економските и политичките врски со надворешниот свет, соопштува The New York Times, повикувајќи се на Ив Далдер, поранешен амбасадор на САД во НАТО.

Според информациите кои ги поседува весникот, претседателот на САД, Барак Обама, смета дека тој веќе нема да има конструктивни односи со Путин, дури и ако се пронајде решение за Крим и југоистокот на Украина.

Останатите две и пол години од неговиот мандат ќе ги посвети на минимизирање на штетата која Путин може да ја нанесе, но и на обидите да се сочува соработката во оние сфери каде е тоа возможно.

Според мислењето на The New York Times; Обама ќе се ориентира на курс кој САД го зазеле кон СССР во 1947 година и, со кој заврши после распадот на СССР. Американците дури имаат намера да ја придобијат Кина, која обично ја поддржува Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.