Германија ја замоли Кина да влијае на Русија во врска со украинската криза

Германскиот министер за стопанство и енергетика, Зигмар Габриел, ги повика кинеските власти да ги искористат своите контакти со Русија и да помогнат во регулирањето на конфликтот околу Украина, пренесува изданието vz.ru.

Габриел соопшти дека ќе се потруди оваа тема да ја разгледа на претстојната средба со кинескиот премиер Ли Кеџијанг.

„Секако, ние ќе ги замолиме Кинезите да не ја заборават сѐ поголемата одговорност на својата земја на светската сцена, и дека треба да учествуваат во решавањето на конфликтите како овој што сега го имаме во Европа меѓу Русија и Украина“, изјави министерот.

Според неговите зборови, и Кина и Русија во последно време констатираат дека нивните билатерални односи се подобрени, и тој се надева дека Пекинг тоа ќе го искористи „за да ѝ објасни на Русија дека е неопходно да се почитуваат нормите на меѓународното право и неприкосновеноста на границите“.

Кина треба да допринесе во започнувањето на меѓународниот преговарачки процес, во кој ќе учествуваат сите страни, нагласи германскиот министер. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.