Американски експерт: Путин е најспособниот политичар на меѓународната сцена

Претседателот на Русија, Владимир Путин, за разлика од својот американски колега, Барак Обама, поседува далековидост, и неодамнешниот женевски договор за Украина претставува победа на Москва и пораз на Вашингтон, смета американскиот воен аналитичар, Ралф Питерс, пренесува РИА „Новости“.

Аналитичарот признава дека претседателот на Русија денес е „најспособниот, најефикасниот и највпечатливиот политичар на меѓународната сцена“.

Според мислењето на Питерс, на Обама му недостасуваат некои особини на руски претседател, како што е способноста да размислува долгорочно и да се обиде да предвиди што ќе се случи во текот на следните децении.

„Ова согледување на долгорочните перспективи на Путин му дава голема сила“, смета аналитичарот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња