Руските авиокомпании ќе можат да вработуваат пилоти од странство

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша закон со кој се дозволува на руските авиокомпании да вработуваат странски пилоти, пренесено е на интернет-страницата на Кремљ.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша закон со кој се дозволува на руските авиокомпании да вработуваат странски пилоти, пренесено е на интернет-страницата на Кремљ.

„Со законот се предвидува можност за работа на странските граѓани во екипажот на цивилните авиони кои се во сопственост на руско правно лице, индивидуален претприемач или обичен транспорт на товар“, се забележува во соопштението.

Исто така, се воведува и времено ограничување за работа на странците како командири во авионите. Како командири странците ќе можат да работат после пет години откако овој закон ќе стапи на сила. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња