Реномиран хотел во чешкиот град Острава и понатаму губи клиенти поради одбивањето да ги прими руските туристи како знак на протест поради приклучувањето на Крим во составот на Руската Федерација, пренесува РИА „Новоости“.
Веста дека еден од најдобрите хотели во Чешка не прима клиенти од Русија прв ја објави весникот „Право“, иако сопственикот на хотелот, Томаш Крчмарж уште на 24 март го започна овој вид на протест.
Истиот ден хотелот истакна известување на чешки и англиски јазик на својата интернет-страница во кое се кажува: „Почнувајќи од 24 март 2014 година, хотелот повеќе не прима државјани на Руската Федерација поради приклучувањето на Крим кон Русија“.
Сопственикот на хотелот во известување „се извинува на почитуваните државјани на Руската Федерација“.
Крчмарж изјави дека има украинско потекло. „Луѓето различно реагираат на мојата постапка. Некои ми пишуваат и дека сум идиот“, признава сопственикот на хотелот.
На интернет-страницата на хотелот во Острава во ново соопштение се кажува дека „државјаните на Руската Федерација можат да бидат примени во хотелот само ако потпишат изјава дека не се сложуваат со приклучувањето на Крим кон Русија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче