Челјабинската работилница „Арт-Грани“ ќе изготви меморијални монети со портретот на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува РИА „Новости“.
Монетите ќе бидат пуштени во чест на приклучувањето на Крим кон Русија. На задната страна на монетите ќе се наоѓа барелјефот на путин.
„Во чест на приклучувањето на Крим кон Русија, мајсторите пристапија кон изготвување на серија меморијални монети со тежина од 1 килограм и големина на дланка. Првата ќе биде готова веќе во среда“, појасни претставник на организацијата.
На другата страна на монетата ќе биде прикажан Кримскиот полуостров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.