Министерството за финансии на Русија очекува 0% раст на БДП во вториот и третиот квартал годинава, притоа, не исклучувајќи дури и намалување на БДП, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на директорот на одделот за долгорочно стратешко планирање во министерството, Максим Орешкин.
„Раст на БДП од 0,8% во првиот квартал означува дека понатаму ќе биде полошо. Во вториот и третиот квартал очекуваме значително полоша ситуацијата отколку овие 0,8%, и не исклучуваме дури да видиме и негативен раст“, изјави тој.
Притоа, Орешкин додаде дека инфлацијата во Русија годинава може да се расте до 6%.
Освен тоа, Министерството за финансии прогнозира одлив на капитал од Русија годинава во обем од 70-80 милијарди долари, што е пониска прогноза од Министерството за економски развој, каде се предвидува одлив на капитал во висина од 100 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче