Касперски изјави дека постои опасност од компјутерски вируси за телевизорите

Еден од основачите на руската компанија „Лабораторија Каспески“, Евгениј Каспески, изјави за британскиот весник The Telegraph дека постои опасност од компјутерски вируси за телевизорите. Експертот не исклучува дека таквата закана и опасност ќе се појави во блиска иднина.

„Било да станува збор за пречки во преносот на роденденскиот говор на кралицата, пеналите за време на светското првенство во фудбал или за резултатите од The X Factor, денот кога компјутерските вируси ќе ги заразат телевизорите не се далеку“, се кажува во статијата.

Според зборовите на Касперски, телевизорите стануваат ранливи поради нивниот приклучок на Интернет, исто како што се случи и со компјутерите, преносните компјутери и мобилните телефони.

„Каква врска има дали е за телевизор или за компјутер? Дали е голем екран или далечински управувач? Секој оперативен е подложен на компјутерски вируси“, додаде Касперски. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња