В.д. шефот на Крим, Сергеј Аксјонов, изјави дека републиката, додека се наоѓала во составот на Украина, заземала едно од последните места според нивото на гасификација на селата, пренесува РИА „Новости“.
„Само секое трето село е гасифицирано, и тоа, ако се земе фактот дека Крим произведува гас доволно за задоволување на потребите на целиот полуостров“, изјави Аксјонов на состанокот на Државниот совет за реализација на национални проекти и демографска политика.
На Крим на 16 март се одржа референдум за статусот на автономната република, кога 96% од избирачите гласаа за приклучување на полуостровот во составот на Русија. Русија и Крим на 18 март потпишаа договор за приклучување на републиката и Севастопол во составот на Федерацијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче