ФМС подготви 250.000 пасоши за жителите на Крим

Шефот на Федералната служба за миграција, Константин Ромодановски, изјави дека направени се 250.000 пасоши за жителите на Крим, пренесува „Интерфакс“.

Шефот на Федералната служба за миграција, Константин Ромодановски, изјави дека направени се 250.000 пасоши за жителите на Крим, пренесува „Интерфакс“.

„Околу 350.000 жители на Крим дадоа барања за издавање пасоши, а ние подготвивме досега околу 250.000“, изјави Ромодановски.

Според пресметките на ФМС, ќе бидат потребни од 1,5 до 1,7 милиони пасоши за жителите на полуостровот.

„Засега се издаваат по 20.000 пасоши на ден. Уверен сум дека до рокот предвиден со законот ќе ја завршиме работата“, изјави тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња