Вооружените сили на Русија, стационирани на Сахалин и на Курилските острови годинава ќе добијат повеќе од 120 единици воена техника, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на командантот на војската во Источниот воен округ, генерал-полковник Сергеј Суровикин.
„Практично секојдневно неколку единици одржуваат непланирани проверки за борбенаа способност, соодветно плановите на Генералштабот и здружената стратешка команда“, појасни тој.
Суровикин, исто така, додаде дека „Спецстрој Русија“ во 2016 година ќе изгради повеќе од 150 воени објекти на курилските острови Итуруп и Кунашир.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче