Претставник на „Россострудничество“ даде изјава за “тоталната војна“ на Западот против ЗНД

Земјите на Западот водат „тотална војна“ за да ја уништат Заедницата на независни држави (ЗНД), изјави заменикот раководител на Федералната агенција за прашања за ЗНД.

Земјите на Западот водат „тотална војна“ за да ја уништат Заедницата на независни држави (ЗНД), изјави заменикот раководител на Федералната агенција за прашања за ЗНД, сонародниците во странство и за меѓународна хуманитарна соработка во „Россотрудничество“, Георгија Мурадов на првото заседание на Комитетот за заштита на човековите права во Украина, одржана во Општествената комора на Русија.

„Во контекст на ваквата политика, Западот се обидува да нанесе одлучувачки удар на ЗНД. Против ЗНД се води вистинска тотална војна со цел да се уништи истата“, смета Мурадов.

Тој истакна дека од оваа организација „се исфрлаат нејзините главни членови, и на тој начин се чисти просторот околу Русија, за потоа да може директно со неа да се справат“.

Мурадов изјави дека „Россотрудничество“ поднел до МНР на Русија предлог за да се зацврсти соработката со сонародниците во земјите во ЗНД. Тој истакна дека без решавање на прашањата кои се однесуваат на правата на руските граѓани во странство, украинската ситуација „би можела да се повтори“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња