Русија ќе ја продолжи реализацијата на проектот на гасоводот „Јужен тек“ и врши консултации со Еврокомисијата, соопшти шефот на Министерството за енергетика на Русија, Александар Нова, а пренесува РИА „Новости“.
„Ние ја продолжуваме работата со Еврокомисијата, проектот не е замрзнат“, изјави Новак.
Европскиот парламент донесе резолуција, во која се повикуваат властите на ЕУ веднаш да воведат санкции против руските енергетски компании кои работата на европскиот пазар, како и да се прекине изградбата на „Јужен тек“ и да се изврши ревизија на сите досегашни договори со Русија.
Гасоводот „Јужен тек“ треба да помине низ водите на Црното море и државите на Јужна и Централна Европа. Се предвидуваше комерцијалните испораки на гас да започнат во првиот квартал во 2016 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче