Европските нискобуџетни авиокомпании Germanwings, Ryanair, easyJet и руската „Добролет“ ќе започнат со летови од Санкт Петербург кон крајот на годината.. Ова за интервју за „Русија 24“ го изјави директорот на „Воздушните врати на Северниот главен град“, Сергеј Емдин.
„Очекуваме годинава неколку компании да започнат летови од Санкт Петербург, вклучувајќи ја и компанијата 'Добролет'“, појасни Емдин.
Претходно беше соопштено дека „Добролет“, компанија во сопственост на „Аерофлот“, ќе биде базирана во аеродромот Шереметјево во Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче