Данската новинска агенција "Ritsaus bjuto" ја потврди изјавата на рускиот претседател, Владимир Путин за неговиот разговор со Андерс Фог Расмусен во Брисел, снимен уште во 2002 година со помош на микрофон, прицврстен на сакото на сегашниот генерален секретар на НАТО, пренесува ИТАР-ТАСС.
Новинарот Кристофер Гулдбрансен, кој во тоа време го снимал документарниот филм „Фог зад кулисите“, раскажа за време на конференцијата за печатот како лично го прицврстил микрофонот на сакото на данскиот премиер. После конференцијата Расмусен заминал на состанок со рускиот претседател, а претходно не го тргнал микрофонот. Нивниот разговор бил „снимен и искористен во филмот“, изјави Гилдбрансен.
Владимир Путин за време на програмата „Директна линија“ изрази негодување поради тоа што сегашниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен во 2002, додека беше премиер на Данска, без дозвола го снимил и објавил приватниот разговор со него.
„Тој ме замоли за таа средба. Средбата не беше планирана. Се согласив, се сретнавме и поразговаравме. Тој, изгледа, понел со себе диктафон, тајно го снимил нашиот разговор а потоа го објавил во медиумите. Каква доверба може да се изгради после ваквите инциденти?“, изјави Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче