Западни медиуми: договорот меѓу Русија и Западот за Украина е изненадување

Договорот меѓу Русија и Западот за ситуацијата околу Украина е вистинско изненадување, пишува The Telegraph. Според мислењето на весникот, поранешната советска република, на која ѝ се заканува распад на два дела, конечно доби „малку надеж“.

Претходно беше објавено дека Русија, Украина, САД и ЕУ за првпат после толку време постигнаа прогрес на преговорите за ситуацијата околу Украина. Како резултат се појави Женевскиот договор од 17 април, во кој за се објавени конкретните чекори за деескалација на конфликтот во регионот.

Како што забележува изданието, поради ова, дополнителното воведување дополнителни економски санкции против Русија се пролонгира.

Од своја страна, пак, The Wall Street Journal забележува дека Женевскиот договор остава многу прашања без одговор. Освен тоа, не е јасно дали ќе се случи разоружување на лицата кои ги зафатија владините згради во Украина, се кажува во статијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.