Големо наоѓалиште на нафта со резерви од 300 милиони тони е откриено во Астраханската Област, кое го доби името Големо, соопшти министерот за природни ресурси на РФ, Сергеј Донски, а пренесува РИА „Новости“.
„Кон крајот на минатата година во Државната комисија регистриравме 300 милиони тони резерви од категоријата C2. Тоа е наоѓалиштето Големо во Астраханската Област“, изјави тој.
Министерот додаде дека наоѓалиштето е откриено од компанијата АФБ, која не е многу позната во јавноста. АФБ сега ја разгледува можноста за индустријализација на наоѓалиштата, заедно со големите нафтени компании.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.