Русија очекува приклучување на Виетнам кон Царинската унија

Русија очекува скорешно приклучување на Виетнам кон Царинската унија меѓу Белорусија, Казахстан и Русија. Преговорите за договорот за зоната на слободна трговија со Виетнам се одвиваат многу динамично, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на изјавата на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Лавров на состанокот со својот виетнамски колега Фам Бин Мин, изјави дека Русија го поддржува Виетнам во процесот на преговорите со Царинската унија, како и тоа дека договорот може да биде потпишан до крајот на оваа година.

Министрите за надворешни работи се сложија дека сеопфатното партнерство меѓу Русија и Виетнам довело до практични резултати во сферите на двете држави.

„Русија и Виетнам имаат исти ставови за многу прашања од регионалната и светската агенда. Русија ја поддржува активната улога на Виетнам во Асоцијацијата на земји од југоисточна Азија (АСЕАН) и улогата на АСЕАН во создавање на нова регионална архитектура“ изјави Лавров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња