Русија и Казахстан наскоро ќе отворат фабрика за производство на „Терминатор“

Раководството на компанијата „Уралвагонзавод“ очекува дека основањето на заедничко претпријатие со Казахстан наскоро ќе биде завршено.

Раководството на компанијата „Уралвагонзавод“ очекува дека основањето на заедничко претпријатие со Казахстан наскоро ќе биде завршено. Новоформираната компанија ќе призведува борбени возила „Терминатор“ за поддршка на тенковите. Ова го изјави Алексеј Маслов, специјален претставник на корпорацијата, задолжен за воено-техничка соработка, пренесува ИТАР-ТАСС.

Според неговите зборови, руската страна во рамките на ова партнерство ќе произведува борбени модули и резервни делови за „Терминаторите“, а Казахстан ќе ги произведува шасиите. Овие борбени возила за поддршка на тенковите ќе се произведуваат во Казахстан од почетокот на следната година.

„Уралвагонзавод“ и „Казахстан инженеринг“ во септември 2013 година на паритетна основа потпишаа договор за основање на претпријатие за производство на „Терминатор“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња