Украинските погранични служби не пропуштиле во Украина околу 600 граѓани на Руската Федерација во последните 24 часа, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на прес-службата на пограничната служба на Украина.
Во агенцијата забележаа дека лицата кои не биле пропуштени имаат забрана за влез, но не уточнија колку лица вкупно имаат забрана за влез.
Претходно руската авиокомпанија „Аерофлот“ објави соопштение, добиено од украинската страна. Во него се известува за ограничувања за влез на територијата на Украина. Границата е затворена за мажи од 16 до 60 години, вклучувајќи и за жителите на Крим.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче