Корпорацијата „МиГ“ ќе произведе стотина ловци МиГ-35

Руската корпорација за производство на авиони „МиГ“, во наредните неколку години ќе произведе околу 100 ловци од типот МиГ-35, јавува РИА „Новости“, повикувајќи се на министерството за одбрана на Русија.

Воениот ресор има намера да потпише договор за испорака на борбени авиони од овој тип после 2016 година.

Купувањето на новите борбени авиони ќе овозможи „да се создаде оптимален однос меѓу бројот на лесни и тешки ловци во военото воздухопловство на Русија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.