Во зградата на Националната научна библиотека на Северна Осетија ќе биде отворена постојана експозиција, посветена на агресијата на САД и НАТО, пишува Би-би-си, повикувајќи се на соопштение од претставниците на општественото движење „Наша Осетија“.
Експозицијата ќе биде забранета за посетители под 16 години, а ќе биде поделена на тематски воени рубрики: за војната во Виетнам, за бомбардирањата во Белград во 1999 година, како и за конфликтите во Авганистан, Ирак и Либија.
Одделно ќе биде претставена и темата за руско-грузискиот конфликт во август 2008 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче