„Гаспром“ има одговорност само за испораките на гас за европските корисници, но за непрекинатиот транзит на гасот одговара Украина, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин за време на „директната линија“.
Претходно претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, одговори со писмо на писмото на Путин, пишувајќи дека ЕУ е подготвена да спроведе консултативни средби со Русија и Украина околу безбедноста на испораките и транзитот на гас. Шефот на ЕК во писмото ја префрли одговорноста за непрекинатите испораки на гас врз „Гаспром“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче