Претседателот на Русија, Владимир Путин, е известен за молбата на властите на Приднестровје за признавање на независноста на републиката, соопштува „Руската служба за вести“, повикувајќи се на портпаролот на шефот на државата, Дмитриј Песков.
„Точните рокови за разгледување на молбата не се познати“, изјави тој, додавајќи дека не знае по какви канали дошла молбата.
Претходно се обзна дека властите на Приднестровје се обратија до Владимир Путин со молба да ја иницира процедурата за признавање на Приднестровската Молдавска Република како суверена независна република.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче